Утрински Весник
Македонија

Предлогот за новите министри на ВРЕДИ сепак се уште не е пристигнат до пратениците

Sobranie.webp.webp

Иако попладнево од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши информираа дека до Собранието е пристигнат предлогот за новите министри од ВРЕДИ, сепак како што дознава 24Инфо тој не е пристигнат до пратениците.

Засега не е познато ниту кога предкогот ќе биде ставен на дневен ред за гласање во Собранието.

Новите министри треба да дојдат на местото на Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање до неговиот избор за градоначалник на Општина Чаир, како и на министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е предложен за министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали треба да го замени Орхан Муртзаани, кој се очекува да биде разрешен на следната собраниска седница.

За денот на одржувањето на седницата за избор на новите министри, Собранието ќе информира дополнително.

Можете да прочитате

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата