Утрински Весник
Македонија

Поранешен директор на ЈКП „Брегалница“ обвинет за злоупотреба и несовесно работење, доби кривична пријава

Jkp bregalnica delcevo.jpg

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево поднесе кривична пријава против С.С., поранешен директор на ЈКП „Брегалница“ – Делчево, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, во периодот од декември 2023 до април 2024 година, како службено лице, не го почитувал општиот Колективен договор за јавниот сектор и Законот за работни односи. Тој не им исплатил по 3.500 денари на 76 вработени, со што ги оштетил со вкупна сума од 266.000 денари.

Случајот е предаден на надлежните органи, кои ќе продолжат со постапката за утврдување на одговорноста на поранешниот директор.

Можете да прочитате

ЕУ известувачот тврди: Интервјуто е старо, не ја отсликува сегашната реалност на Македонија

Пешевски: Автопатот Кичево-Охрид е бунар без дно – милијарда евра потрошени, крај нема!

Пешевски: Секој ден на градилиште е бинго – дали ќе се вратиш жив дома