Утрински Весник
Скопје

Утре пола Скопје без вода

Dunya su gunu su icmek gri siyah instagram paylasimi.jpeg

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информира дека утре (30.11.2025), поради уличен дефект на цевка со пречник од 400 мм на улица Бутелска бб, кај сервис „Топал“, ќе има прекин на водоснабдувањето во поголем дел од населба Бутел.

Без вода ќе останат корисниците на следниве улици:

Бутелска, Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Калински, како и Бутелска од крак 1 до крак 35 и Бутелска од крак 2 до крак 14.

Прекинот ќе трае од 11:00 часот до целосна санација на дефектот.

Дополнително, поради технички зафат на булеварот Александар Македонски бб, утре ќе има прекин или намален притисок на водоснабдувањето и во следниве зони:

  • бул. Александар Македонски
  • ул. 808 (дел од улицата)
  • бул. Киро Глигоров (дел од булеварот)
  • Населба Автокоманда – намален притисок
  • Триангла – намален притисок
  • Населба Хиподром – намален притисок
  • ул. Перо Наков кај Кванташки пазар – намален притисок
  • Населба М.А. Ченто – прекин
  • ул. Маџари – прекин
  • ул. Палмиро Тољати – прекин
  • с. Сингелиќ – прекин

Водоснабдувањето на овие локации ќе биде прекинато од 05:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Можете да прочитате

Потпишан меморандум за стратешка соработка меѓу Градот и УНДП

Герасимовски: Општина Центар го расчистува снегот, фрлени 15 тони сол, механизацијата е на терен

„Стоп за Усје“ денеска со нов протест и блокада