Утрински Весник
Свет

Украина без електрична енергија по руските напади

Ukraina.webp.webp

Повеќе од 600.000 луѓе завршија без елетрична енергија во Украина по руските напади. Руските напади со ракети и беспилотни летала започнаа синоќа и продолжија утрово, соопшти украинското министерство за енергетика.

Според информациите од Министерството, повеќе од 500.000 потрошувачи во Киев и повеќе од 100.000 во регионот околу главниот град останале без струја утрово. Дополнително, речиси 8.000 жители во регионот на Харков се погодени од прекинот на снабдувањето со електрична енергија.

Министерството потенцира дека нападите продолжуваат, а ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија останува тешка во погодените области.

Можете да прочитате

„Ќе го нападнеме Иран толку силно што нема да може да се обнови никогаш, ќе има смрт и оган над нив“ – Дали Трамп суптилно се заканува со нуклеарно оружје?

Во Израел повредени над 190 лица по вчерашните ирански напади

Иран: САД нè нападнаа, преговорите повеќе не се опција