Утрински Весник
Свет

Трамп: Воздушниот простор над и околу Венецуела ќе биде целосно затворен

Tramp.webp.webp

Воздушниот простор над и околу Венецуела ќе биде целосно затворен. Оваа информација ја потврди американскиот претседател Доналд Трамп.

„Порака до сите авиокомпании, пилоти, дилери на дрога и трговци со луѓе: Ве молиме размислете за целосно затворање на воздушниот простор над и околу Венецуела“, објави Трамп на својата мрежа Truth Social.

Се очекува и да бидат воведени нови мерки за борба против трговија со дрога од страна на администрацијата на Трамп. Иницијативата за воведување на мерки следува по обвинението на венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека има улога во бизнисот со наркотици, односно шверц на дрога во САД, ако Мадуро го негира тоа.

Можете да прочитате

Во Амазонија пронајден човек кој живее сам во изолација веќе 38 години

Во Русија започнаа парламентарните избори, ќе траат три дена

Американски Ф-16 се урна во Мичиген