Утрински Весник
Магазин

Купиле евра преку ТЕМУ па ги користеле на пазари, во продавници и за такси

Evra.webp.webp

Фалсификувани банкноти се појавија на популарен пазар за употребувана роба во Комарно, јужна Словачка, а полициската истрага доведе до мајка и нејзините две возрасни деца. Според извештаите, парите биле набавени преку апликацијата „Тему“ од Кина, објави Новини.ск.

Инцидентот се случи во недела, во непосредна близина на градската полиција, кога 70-годишната продавничка била шокирана откако еден клиент ѝ платил со фалсификувани евра за купените производи.

Властите наскоро ги идентификуваа 49-годишната Марија, нејзината 22-годишна ќерка Ержебет и 19-годишниот син Марио. Тие преку мобилна апликација нарачале 400 фалсификувани банкноти од 20 и 100 евра. Банкнотите биле со иста големина како оригиналите и дури намерно оштетени за да изгледаат автентично.

Иако банкнотите имаа отпечатен натпис „КОПИЈА“, Марија и нејзините деца успеале да ги користат на пазари, во продавници и за плаќање на такси. Полицијата заплени 16 банкноти, вклучително и некои што веќе биле ставени во оптек, а според Марија, останатите биле изгорени.

Изјава од „Тему”

 Тему не дозволува продавачи од трети страни да објавуваат производи што не се во согласност со важечките закони и прописи. Ние постојано ги следиме објавите и преземаме мерки секогаш кога ќе се идентификува потенцијален проблем.

извор: 4NEWS.mk

Можете да прочитате

Лидл Северна Македонија прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор

Дневен хороскоп за 28 април 2026 година

Славната пејачка ја подготвува „венчавката на годината“