Утрински Весник
Спорт

Ако замине Обрадовиќ од Партизан, заминуваат и неколку играчи

20251126185917 big 730x400 49.webp.webp

Неизвесноста околу тоа дали Жељко Обрадовиќ ќе остане тренер на КК Партизан ќе биде разрешена во текот на денешниот ден

Обрадовиќ поднесе оставка, но раководството на клубот не ја прифати, а во текот на вчерашниот ден имаа и состанок, но без конечно решение.

Дел од играчите веќе изнесоа свој став па така Исак Бонга ги известил првите луѓе на Партизан, доколку замине Обрадовиќ заминува и тој и нема да биде единствениот кој ќе се реши на таков чекор. Со слично размислување се и Двејн Вашингтон и Стерлинг Браун.

Екипата на Партизан денеска се враќа и на тренинзите, откако од претходно играчите кои немаат репрезентативни обврски имаа слободни денови.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет