Утрински Весник
Македонија

За првпат државата го проби рокот за исплата од „МојДДВ“, дел од скенирачите на сметки останаа без пари

Mojddv Smetka 1.jpg

За првпат откако постои „Мој ДДВ“ истече рокот за исплата на парите од страна на државата, а дел од граѓаните кои летово скенирале фискални сметки, не ги добија парите.

Се работи за исплатата за последниот пресметковен период (јули, август и септември).

Во минатото, парите беа исплаќани најдоцна до 10-ти во месецот. По доаѓањето на актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ, тој рок се продолжи до крај на месецот. Но, заклучно со денеска, кој е последен ден од работната недела, тој рок ќе се пробие.

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска соопшти дека заклучно со вчера, исплатени се 552 милиони денари кон граѓаните по основ на „МојДДВ“, а налозите за дополнителни 370 милиони денари, наводно, се веќе подготвени.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, посочи само дека кај некои граѓани може да има застои поради технички причини, како невалидна трансакциска сметка. Но, парите не ги добија и многу граѓани кои немаат проблем со трансакциските сметки и редовно ја ажурираат апликацијата.

Можете да прочитате

Сообраќајно недоразбирање завршило со убодна рана во Тетово

Поради обилни врнежи од дожд повторно надојде Калковска Река, сообраќајот е пренасочен

Еден ѕид кај Детската клиника од 2022 стои опасно, никој не мрда прст!