Утрински Весник
Македонија

Разводите растат, венчавките паѓаат – регистрирани 470 разведени бракови во третото тримесечје

Familija.webp.webp

Државниот завод за статистика објави дека во третото тримесечје од оваа година е забележан пад на бројот на склучени бракови, паралелно со значителен раст на разводите.

Според податоците, во периодот јули–септември 2025 година се склучени 3.514 бракови, што претставува намалување од 2,8% во споредба со истиот период лани.

Истовремено, регистрирани се 470 разведени бракови, што е зголемување од 27,7% во однос на третото тримесечје од 2024 година.

Во овој период се родени 4.431 деца, што претставува раст од 3,7% во однос на лани.

Бројот на умрените лица бележи намалување од 0,5% во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.849 лица. Од нив, 20 се починати доенчиња.

Природниот прираст останува негативен и изнесува 418, што значи дека бројот на живородени деца е помал за толку лица од бројот на умрените.

ДЗС додава дека овие показатели продолжуваат да ја одразуваат демографската криз

Можете да прочитате

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран