Утрински Весник
Свет

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

20251127193118 big 730x400 31.webp.webp

Бројот на жртви од пожар во висока зграда во Хонг Конг се зголеми на 75.

Претходно беше објавено дека најмалку 65 лица загинаа, а најмалку 70 се повредени во пожарот во станбен комплекс во областа Таи По.

Пожарникарите од вчера попладне  се обидуваат да го стават пожарот под контрола, кога избувна на бамбусови скелиња и градежни мрежи, а потоа се прошири на седум од осумте згради во комплексот.

Околу 900 лица во текот на ноќта беа евакуирани во привремени засолништа. Лидерот на Хонг Конг, Џон Ли, денеска изјави дека 279 лица се водат за исчезнати. Меѓутоа, на прес-конференција градските власти не дадоа нови информации за исчезнатите или колкумина се уште се во уништените згради.

Спасувачите се соочуваат со „екстремно високи температури и внимателно напредуваат кат по кат, темелно пребарувајќи и обидувајќи се да спасат луѓе што е можно побрзо“, рече заменик-директорот на противпожарната служба, Вонг Ка-винг.

„Не ја исклучуваме можноста да пронајдеме уште повредени лица“, додаде тој.

Повредени се повеќе од 70 лица, меѓу кои и 11 пожарникари, соопшти противпожарната служба.

Можете да прочитате

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда

Трамп ја повика Јапонија да избегне понатамошна ескалација со Кина