Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Турција останува силен партнер во развојните процеси на Скопје

589803634 1386968899723062 4500705865364706191 n.jpg

Во рамки на активностите за унапредување на меѓународната соработка и размена на добри практики со партнерските земји, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Фатих Улусој.

„Амбасадорот Улусој го запознав со нашата програма и визија за современо, паметно и урбано Скопје, како и со јасната заложба за забрзан развој на нашиот град. Заеднички ја потенциравме долгогодишната соработка и традиционално добрите односи меѓу нашите две земји. Разговаравме и за тековните активности на Град Скопје, како и за можностите за понатамошно унапредување на партнерството, особено во сферата на урбаниот развој, инфраструктурните проекти, културната размена и соработката со бизнис-заедницата“, истакна градоначалникот.

Посебно внимание, нагласи Ѓорѓиевски, било посветено на потенцијалните иницијативи кои би донеле конкретни придобивки за граѓаните на Скопје, како и на размена на добри практики во локалното управување.

„Ја нагласив подготвеноста на Град Скопје да продолжи да работи на продлабочување на односите со Република Турција, а амбасадорот Улусој ја истакна континуираната поддршка на Турција за развојните процеси во нашиот град. На крајот, заеднички го потврдивме потенцијалот за нови иницијативи и активности што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на скопјани и за понатамошно зацврстување на меѓусебната соработка“, додаде Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Лукровски: Да не се злоупотребува случајот со учениците од Карпош, стомачни тегобии имам и јас

Град Скопје ја одржа првата седница на Координативното тело на градоначалници

Герасимовски: Одржан состанок за спречување на појава за слечиште на Водно, од Владата побарано да се интервенира на приватен имот