Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Свлечиште во тетовска Шипковица, активиран Кризниот штаб

Image 2025 11 27 190127871.png

Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени 4 куќи. Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се излезени лица од ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово.

Во моментот се превземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свечишта.

На територијата на Општина Штип евидентирани се одрони на камења на патниот правец Делчево – Истибања каде што екипи на ЈП Македонија пат редовно интервенираат и нема застои во сообраќајот.

Одроните на патот кон с.Моштица во Општина Македонска Каменица, од страна на екипи на ЈП Камена река е извршено чистење на одронот и сообраќајот на тој патен правец се одвива редовно.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ против малите бизниси – одбиен предлогот на Левица за дуплирање на прагот за ДДВ 

Уапсен професор од скопско училиште кој барал да има полови односи со ученичка

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи