Утрински Весник
Македонија

Василевска и Мираковска се сретнаа со евроизвестителот Вајц за напредокот на евроинтеграциите

Vasilevska vajc.jpg

Пред почетокот на 24. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ – ЕУ во Европскиот парламент во Стразбур, копретседавачката Иванка Василевска и заменик-копретседавачката Соња Мираковска остварија средба со известителот за Северна Македонија, Томас Вајц.

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во земјата, реформската агенда, Извештајот на Европската комисија и очекувањата од претстојниот состанок.

Василевска изрази благодарност за напорите на Европскиот парламент и Вајц, истакнувајќи дека сите релевантни политички фактори во земјата се посветени на европската цел. Известителот Вајц ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Европскиот парламент за евроинтеграцијата на Северна Македонија, заснована на постигнатите резултати и соработката.

Можете да прочитате

Македонци од Бахреин во среда заминуваат кон Ријад, од таму со владин лет за Скопје

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец