Утрински Весник
Македонија

Притвор за малолетникот од Охрид кој силуваше 12-годишно девојче

Siluvanje 1 640x432 163518 431947.jpg

Судот му определи 30-дневен притвор на 16-годишникот од Охрид кој силуваше 12-годишно девојче.

СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16- годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14- годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“.

На првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, претходно полициски службеници од СВР Охрид го пронајдоа и го лишија од слобода.

Тој на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12- годишно девојче од Охрид, додека друг малолетник  снимал. Второпријавениот, откако го добил снименото видео, на 20.11.2025 ја уценувал малолетничката да имаат сексуален однос, а доколку одбие и рекол дека ќе го објави видеото.

Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, со неа како и со двете пријавени лица, извршија службени разговори, по што е поднесено известување до надлежното обвинителство.

Можете да прочитате

Мицкоски за предвремени избори: Шансите се многу мали, но никогаш не вели никогаш

Штипјанец запалил оган во дворот, огнот се проширил зафаќајќи ја неговата и две соседни куќи

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв на каква услуга ќе наидам, рече Беќаровски