Утрински Весник
Македонија

Министерот Муцунски ја претстави Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030

Img 0846.jpeg

Денес во свечената сала на Владата, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, го претстави предлог-текстот на новата „Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030″, како петгодишен план за развој на соработката со претставниците од дијаспората, иселениците и припадниците на македонското национално малцинство.

„Денес не претставуваме само документ. Денес ја претставуваме нашата обврска, нашата зрелост и нашата одлучност како држава – конечно, вистински, системски и долгорочно да им се посветиме на нашите луѓе надвор од границите. Македонската дијаспора е најголемата, најсилната и најраспространетата мрежа што ја има нашата земја”, истакна Муцунски во своето обраќање.

„Ова не е Стратегија напишана зад затворени врати, туку во партнерство: институции, експерти, организации, професионалци и, најважно, дијаспората. Таа значи дека Владата ги слуша вашите потреби, предлози и критики. Оваа Стратегија значи дека државата се менува кон модерна, дигитална, достапна и доверлива администрација. Значи дека државата создава систем, а не импровизација; партнерство, а не протокол; долгорочна визија, а не ад-хок мерки”, додаде тој.

Министерот Муцунски нагласи дека културата претставува најсилниот дипломат на државата, бидејќи ја пренесува нејзината душа и идентитет, кој продолжува да живее и преку дијаспората. Тој посочи дека институционалната поддршка за културата, образованието и јазикот е клучна, бидејќи токму јазикот и знаењето се корените што ја чуваат нашата посебност во глобализираниот свет. Дополнително, истакна дека

Стратегијата ја зајакнува националната самобитност и преку развојот на спортот и спортската дипломатија, чии успеси допираат до милиони. Притоа, подвлече дека со инклузивниот пристап при изработката на документот, државата ја гради заедно со сите граѓани, без разлика дали живеат во земјата или во странство, гледајќи на дијаспората не како на „заминати”, туку како мостови на соработка, амбасадори и партнери.

Покрај министерот за надворешни работи и надворешна трговија, на јавната дебата се обратија и неколку министри од клучни ресори важни за подобрување на односите на матичната земја со дијаспората.

На крај, претставниците од дијаспората, граѓанскиот сектор и академската заедница имаа можност да дебатираат на темите опфатени во Стратегијата, која во следните неколку дена ќе биде отворена за јавноста, а секоја заинтересирана страна ќе може да даде дополнителен придонес за нејзино понатамошно подобрување.

Можете да прочитате

Филипче: Власта ја кочи државата – нема реформи во правосудството, антикорупцијата и медиумите

До крајот на декември на јавна расправа новиот закон за високото образование, наскоро и нова нацрт-концепција за гимназиското

Во Ѓорче Петров 15-годишно девојче со сила внесено во автомобил и нападнато од поранешниот дечко