Утрински Весник
Македонија

Почина познатиот пејач Шпат Касапи

Image 2025 11 26 104656135.png

Познатиот пејач на поп-музиката, Шпат Касапи, почина денеска рано наутро по срцев удар. Артистот не успеал да го преживее инфарктот, иако претходно немал други здравствени проблеми, пренесе ТВ21.

Шпат Касапи беше едно од најомилените имиња на албанската музичка сцена. Роден на 1 мај 1985 година во Тетово, тој пораснал во семејство со музичка традиција, која силно влијаела врз неговото уметничко оформување. Кариерата ја започна на почетокот на 2000-тите и многу брзо се претвори во идол на младите, благодарение на модерниот стил, лесните мелодии и сценската енергија.

Стана познат на албанскиот и косовскиот музички пазар со песни што се претворија во хитови, како што се „A më do?“, „Valle Kosovare“, „Dashni pa limit“, „Aroma e saj“ и многу други. Касапи учествуваше на значајни фестивали и соработуваше со познати артисти, создавајќи репертоар што и денес останува слушан.

Со години, Шпати беше важна фигура на албанската поп-музика, задржувајќи ја популарноста со својот препознатлив стил.

Син е на Ѓулумсер Касапи, политичарка на СДСМ и поранешна пратеничка во македонското собрание. Зад себе остави сопруга и едно дете.

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата