Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со политички монтирани случаи власта дефокусира откако беша фатена во корупција со ИПАРД

Sdsm.webp.webp

Фатена во огромниот скандал со ИПАРД тежок 130 милиони евра власта на Христијан Мицкоски прибегна кон единствено што знае: спнови и политички монитрани случаи.

Власта ги оштети земјоделците за повеќе од 130 милиони евра со мега-корупциски скандал кој води директно до Трипуновски и Мицкоски и за кој нема никаква одговорност, ниту политичка ниту правна. Сега се обидува со монтирани обвинувања да дефокусира, да ја замајува јавноста и да се вади од сопствениот криминал во којшто е заглавена.

Ваквите монтирани и неосновани пријави за Трајан Димковски, кој целосно ги разобличи сите злоупотреби на Министерството за земјоделство и неспособноста на оваа власт не може да бидат никакво алиби.

Очекуваме судските органи да го следат исклучиво словото на законот и во целост да ги отфрлат овие неосновани и монтирани пријави за Димовски. Станува збор за класичен политички прогон, без правна основа и обид за замолчување на СДСМ во откривање на сите корупциски скандали на власта на Мицкоски.

На граѓаните повеќе од јасно им е дека методите на Никола Груевски и режимските инструменти на голема врата се вратени и се применуваат.

Порачуваме дека СДСМ ќе продолжи гласно да зборува и да ги открива нивните криминали а ваквите обиди ќе бидат казнети од граѓаните кои веќе ја прочитаа ова власт.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Можете да прочитате

ЕСМ: Платата ќе биде во законскиот рок, се ажурираат податоци на вработени

Уапсен радовишанец кај кого била најдена марихуана

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал