Утрински Весник
Македонија

Коцевски: Истрагата за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е при крај и се чека само неговата екстрадиција

Ljupco Kocevski Nov Javen Obvinitel Zakletva 14a Bg.jpg

Истрагата за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е при крај и се чека само неговата екстрадиција, изјави државниот обвинител Љупчо Коцевски во „360 степени“.

Тој нагласи дека сите докази се собрани, вклучително и финансиска истрага, но Обвинителството нема информации каде се наоѓа Груби. Во однос на оценката на Европската комисија дека корупцијата е сериозен проблем, Коцевски рече дека за поефикасна борба се потребни повеќе истражители и форензичари.

Тој тврдеше дека Јавното обвинителство „дава повеќе од максимум“, посочувајќи на сложените случаи на висока корупција. На обвинувањата од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за селективно постапување, Коцевски одговори дека тоа не е точно и како пример го наведе случајот во Кочани.

Според него, МВР има поднесено околу 14.000 пријави, а вкупно со другите институции над 20.000, и Обвинителството успеало да ги обработи со ограничениот број обвинители. Коцевски повтори дека нема селективност и дека сите одлуки се носат врз основа на докази.

Можете да прочитате

Гала оперски концерт во МОБ со светски познатата оперска дива Инва Мула

Законот за волонтерство ќе биде по примерот на европските закони, следува отворен и инклузивен процес

Безживотно тело на 42-годишник од Тетово најдено во близина на селото Нераште