Утрински Весник
Македонија

Бремена докторка го изгуби бебето поради стрес по отказ во болницата во Струга

Lekar.webp.webp

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистер по специјална едукација, е отпуштена од работното место веднаш штом соопштила дека е бремена.

Од силен стрес поради непродолжување на договорот, во 27-та гестациска недела таа го изгубила бебето, пренесува порталот СДК.

Според информациите кои ги споделуваат се вели дека на нејзино место биле вработени нови лица, вклучително и нов психолог, што Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го оценила како директна интерсекциска дискриминација.

Жената во пријавата навела дека бременоста била здравствено уредна и без ризици, а стресот од загубата на работата ја довел до трагичниот исход.

Комисијата, пренесува СДК, посочува дека бремените жени уживаат посебна законска заштита и дека случајот претставува сериозно прекршување на нивните права, како и на Уставот кој ги гарантира еднаквите права за сите граѓани

Можете да прочитате

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра