Утрински Весник
Свет

Руската армија тврди дека зазела уште три градови во источна Украина

20241016125246 big 730x400 42.webp.webp

Руската армија соопшти дека освоила три градови во источна Украина, додека во Женева се одржува средба помеѓу високите претставници на САД и на Украина, на која присуствуваат и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија, за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека се заземени градот Петривск во Доњецката област и Тиху и Отрадну во Дњепарската област.

Мировниот план за Украина на Трамп содржи 28 точки. Украина изрази загриженост бидејќи планот вклучува неколку клучни руски барања: Украина да се откаже од дел од својата територија, да ја намали својата армија и да се откаже од членството во НАТО. Русија би ги задржала Доњецк, Луганск и Крим, но би морала да се откаже од другите освоени територии.

Предвидено е Украина да добие западни безбедносни гаранции за да спречи понатамошни руски напади.

Планот, исто така, предвидува огромен глобален пакет мерки за да ѝ се помогне на Украина веднаш да почне со обнова на уништената земја, вклучително и формирање на Украински фонд за развој, кој би инвестирал во брзорастечките индустрии, технологијата, центрите за податоци и во вештачката интелигенција.

Претходно Зеленски, коментирајќи го мировниот план, предупреди дека Украина „или ќе го изгуби достоинството или ќе ризикува да изгуби голем партнер“.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Москва, доколку Киев го одбие планот, ќе ги продолжи нападите врз Украина.

Можете да прочитате

Поради присуство на пластика „Милка“ чоколадите се повлекуваат од продажба во Германија

Трамп: Украинците не изразија никаква благодарност за нашите напори

Нетанјаху се закани со нови напади врз Либан и Газа