Утрински Весник
Балкан

Во Албанија поплавени околу илјада домови и 1.500 хектари земјоделско земјиште, евакуирани стотина семејства

20251123123626 big 730x400 74.webp.webp

По обилните дождови кои ја погодија целата територија на Албанија, поплавени се околу илјада домови и над 1500 хектари земјоделско земјиште, евакуирани се стотина семејства, оштетени мостови а регистрирана е и една жртва.

Министерот за одбрана, Пиро Венгу, од Мобилниот центар за цивилни вонредни состојби при Националната агенција за цивилни вонредни состојби, го објави прелиминарниот преглед на ситуацијата.

-До сега најпогодени се регионите Лежа, Пешкопеја, Фиер, Берат, Корча, Ѓирокастро и Валона, каде што високите речни текови и обилните врнежи предизвикаа бројни тешкотии на терен. Масовни евакуации, немаме, туку само привремени во неколку општини и тоа 52 семејства евакуирани се во Валона, 18 семејства во регионот Корча, по неколку семејства во останати делови на земјата, изјави Венгу.

Тој додаде дека во Лежа евидентирани се 600 поплавени домови, во Корча, 300, во Валона 52 и 25 домови во Фиер. Регистрана е и една жртва од поплавите во село кај Девол. Покрај тоа, околу 20 мостови се оштетени, од кои некои ќе треба целосно да се обноват.

-Стратегијата на институциите за итни случаи е фокусирана на предупредување, превенција и поддршка на жителите, спречувајќи го влошувањето на ситуацијата во областите најизложени на ризик. Управувањето со каскадата на Дрим, каде се трите најзначајни хидроелектрани, е клучно за да се избегне потенцијално катастрофална ситуација во Скадар, и покрај големите странични текови, посочи Венгу.

Во операциите за спасување и евакуација, дистрибуција на храна и зајакнување на насипите и браните, активно е вклучена и албанската армија.

Можете да прочитате

Земјоделците во Грција од следната недела почнуваат со блокади низ целата земја

Република Српска гласа на претседателски избори – се бира наследник на Додик

Предвремени претседателски избори во Република Српска