Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Врнежи од дожд, заладување и снег над 1200 м.н.в

Meteoalarm.mk 74.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Веќе од север во нашата Македонија започна да се спушта ладен воздух кој позначително ќе ги спушти температурите на воздухот и во текот на денешниот неделен ден максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени. Особено во западните  и во југозападните предели повремено ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

Времето ќе продолжи да биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а повеќе врнежи ќе има во западните предели каде локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри дожд за 24 часа). Поради заладувањето на планините над 1200 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег  и ќе се формира снежна покривка.

И во Скопје  и околината денес ќе имаме повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од јужен а попладне  и навечер од северен правец.

Можете да прочитате

Јошевска Анастасовска: Утврдување на вистината или стигнување до вистината

Семејно насилство во Кисела Вода и Карпош: Сопружниците со меѓусебни обвинувања

Костадинов: Намалувањето на платите на пожарникарите е срам за Струмица!