
Утре во црквата “Света Недела” во Битола ќе се одржи Света Божествена Литургија по повод пречекот на моштите на Светата великомаченичка Недела во истоимениот храм во Битола со почеток од 07:00 часот.
Повик до сите,
Возљубени во Христа браќа и сестри,
заедно да се собериме и помолиме во недела, на 23 ноември, со почеток од 07:00 часот во радоста на Светата Божествена Литургија во храмот „Света великомаченичка Недела“-Битола, каде што ќе се удостоиме и со дополнителен благослов: да бидеме дел од пречекот на моштите од Светата Великомаченичка и да се поклониме пред нејзините свети мошти.
Да се собереме заедно и да Му благодариме на Господа за сите Негови дарови и за молитвеното застапништво на Света Великомаченичка Недела.


