Утрински Весник
Балкан

Поплавите ја однесоа првата жртва во Албанија

Poplavi.jpg

Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.

Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.

Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.

Врнежите од дожд предизвикаа излевање на реките Вјоса и Семан, а според Агенцијата за цивилна заштита, во северозападниот регион Леже, околу 220 хектари земјиште се под вода.

Постојат загрижености дека условите би можеле да се влошат, бидејќи се предвидуваат повеќе врнежи од дожд во наредните денови.

Можете да прочитате

Три лица мртви во студентски дом во Бугарија

Пленковиќ: Без меѓународното право малите држави ќе бидат само набљудувачи

Рама: Стратешките туристички проекти ќе продолжат и покрај протестите