Утрински Весник
Македонија

Градежните инспектори не биле надлежни за противпожарна, техничка и функционална безбедност во „Пулс“

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Здружението на градежни инспекторати на Македонија во соопштението до медиумите демантира дека кочанските градежни инспектори имаат било каква вина во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

„Во врска со повеќе медиумски објави, вклучително и прилогот на КОД од 16.11.2025 година, во кои се сугерира наводна вина на кочанските градежни инспектори за настанатиот пожар во дискотеката ПУЛС, Здружението на градежни инспектори на Република Северна Македонија најостро ги демантира изнесените наводи и упатува јавно соопштение со целосен и недвосмислен демант.

Сметаме дека во прилогот во емисијата КОД на репортерката Марија Митевска паушално се наведуваат тврдења кои не се поткрепени со законската регулатива, односно со важечкиот Закон за градење и останатата законска регулатива, затоа што:

Градежните инспектори НЕ СЕ НАДЛЕЖНИ за противпожарна, техничка и функционална безбедност на угостителски објекти.
Во јавноста се пласираат наводи дека во дискотеката ПУЛС имало:

Запечатени прозорци,

Неисправни вентилатори,

Недостиг на одвод на чад и топлина,

Нефункционални хидранти,

Системи за евакуација и сл.

Овие прашања не се во надлежност на градежниот инспектор, туку на други институции и тоа:

Државниот пазарен инспекторат контрола на дејност, услови за вршење угостителска активност, безбедност на гости и работници;

Инспекторат за труд – безбедност при работа;

МВР – Пожарна противпожарни системи и заштита;

УЈП – регистрирање дејност и финансиска контрола;

Општината и Градоначалникот – пријава на работно време и евиденција на угостители

Градежниот инспектор нема законско овластување да проверува каква дејност се врши во објект, ниту дали локалот има дозвола, хигиенско-технички услови, системи за безбедност или противпожарна опрема.

Градежниот инспектор е надлежен само за пренамена „станбен во деловен и обратно“ HE за пренамена на дејност во рамки на деловен објект
Во Законот за градење јасно се дефенира:

Градежниот инспекторат контролира само препамена на намена на Градежен инспектор контролира просторот од станбен во деловен и обратно.

Во случај како дискотека ПУЛС, каде просторот е пренаменет од деловен во деловен, општински градежен инспектор. нема надлежност да постапува.

Преуредувања кои се однесуваат на внатрешен изглед, ентериер, внатрешни елементи или организација на просторот не се предмет на градежен надзор.

Ова е клучен факт кој во медиумските објави е целосно игнориран.

Изнесеното тврдење на репортерката дека Градежниот инспектор 13 години не влегол во дискотеката“ е тотално нерелевантно, правно неиздржано, односно без законска поткрепа и фактички невозможно
Без претставка, иницијатива или писмен налог, градежниот инспектор:

Смее да изврши вонреден надзор само ако има индиции или по „допрен глас” дека во објектот се вршат градежни дејства, ШТО ВО СЛУЧАЈОВ НЕМАЛО.

Смее да изврши редовен инспекциски надзор во објектот само врз основ на издаден налог од неговиот раководител, а врз основ на изготвен план и програма за работа, ШТО ВО СЛУЧАЈОВ НЕМАЛО.

Субјектот има право да не дозволи редовен инспекциски надзор ако нема претходна писмена најава,

Фактички е невозможно градежниот инспектор да врши редовен инспекциски надзор во повеќе од 20.000 објекти што се изградени на територијата на Општината Кочани.

Во периодот од 2012 до 2025 година до градежниот инспектор во Општината Кочани не е доставена ниту една писмена претставка, пријава или налог, ниту па до него „допрел глас” дека се вршат градежни работи во дискотеката ПУЛС.

Со тоа, тврдењето „не влегол 13 години” е не само тенденциозно, туку и правно апсурдно.

Активностите од 2024 година биле исклучиво во внатрешноста на објектот
Сите интервенции:

Биле направени во ентериерот,

Не засегале носиви елементи,

Не претставувале реконструкција,

Не барале одобрение за градење,

Не влегувале во надлежност на градежен инспектор.

Секое спротивно тврдење е неточно и правно неосновано.

планови Спроведувањето e на надлежност урбанистичките исклучиво ДРЖАВНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ИНСПЕКТОР на
Неоправдано во јавноста се поврзуваат:

Урбанистички планови,

Маркици,

Дозволени намени,

Дејности,

Усогласување со ДУП.

Сето ова НЕ е во надлежност на било кој градежен инспектор. Тоа е исклучива надлежност на:

-Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, каде функционира единствениот државен урбанистички инспектор согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Градежниот инспектор нема никаква улога во тоа дали објектот смее да работи како дискотека или со било каква друга дејност.

Причината за трагедијата НЕ е од градежен аспект
Очигледен факт е дека досега нема:

Пад на конструкција,

Дефект на носива структура,

Нарушена стабилност,

Било каков конструктивен проблем.

Трагедијата е последица на пожар предизвикан од внесување и употреба на пиротехнички средства, а не од градежни активности или лошо изведени градежни работи.

Секаква поврзаност меѓу градежните инспектори и причината е тотално правно и технички неоснована.“

Во сооопштението се апелира до медиумите да не се изнесуваат неточни и недовреливи информации, да се побара мислење од стручни лица и да не ја доведуваат јавноста во заблуда со поврзување на инспекторатот со надлежности кои не се негови.

Можете да прочитате

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата

Утре во храмот ,,Света Недела” во Битола – Пречек на моштите на Светата великомаченичка Недела