Утрински Весник
Македонија

До недела дожд, од понеделник постудено со снег на планините

Dozd.webp.webp

До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, соопшти УХМР.

Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.

Во Скопје, до недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во сабота во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за ретки грмежи.

Можете да прочитате

Зајкова: За граѓаните сме тука, не за фотелји – дигитално гласање наместо техничка влада 

Тренчевска: Во 2018 година Мицкоски бараше техничката влада да остане до членство на ЕУ 

СИСТЕМОТ ГИ ДОТЕПУВА ЖРТВИТЕ: Над 600 деца сексуално злоупотребени, државата потфрли во нивната заштита