Утрински Весник
Македонија

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

20251120123145 big 730x400 68.webp.webp

Во штипскиот Апелациски суд денеска со силно полициско обезбедување беа спроведени обвинетите за убиството на турскиот државјанин на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Обвинитети се донесени во судот, кој постапувал по жалба на обвинитети за мерката притвор. Од Апелациониот суд во Штип за МИА потврдуваат дека жалбата е разгледана и на обвинетите им продолжува мерката притвор.

Инаку на 27 ноември во 9.30 во Основниот суд во Штип е закажано судење на обвинетиот турски државјанин, кој го извршил убиството и за лицата кои му помагале во извршивувањето и обидот за бегство. На 4 октомври од страна на Основното јавно обвинителство-Штип беше поднесено обвинението.

Во него пишува дека по спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт за петмина турски државјани инволвирани во убиството на Енес Оздемир од Турција во мај годинава.

-Еден од обвинетите се товари за директно извршување на кривичното дело – Убиство од член 123 став 1, како и за неовластено држење на оружјето со кое било извршено убиството. Тројца од обвинетите му помогнале да го изврши кривичното дело и ќе одговараат за убиство во врска со членот 24, додека една обвинета се товари за помагање на сторителот по извршување на тешкото кривично дело. Првообвинетиот 21- годишник без регулиран престој во државава, на почетокот на мај од непознато лице во Скопје, неовластено купил полуавтоматско огнено оружје –пиштол со избришани податоци за модел и сериски број. Преку мобилни апликации се договорил со оштетениот на 8 мај да се сретнат во кафе бар во центарот на Штип, седнале на една од масите во аголот од летната тераса на кафе барот и разговарале околу 15 минути. Во еден момент обвинетиот отишол до тоалетот и веднаш се вратил, го извадил пиштолот и започнал да пука кон оштетениот, нанесувајќи му шест огнострелни повреди од кои починал, се вели во соопштението од ОЈО на 4 октомври.

Во него се наведува дека тројца обвинети, иако знаеле и биле свесни за неговите намери да го лиши од живот оштетениот, му обезбедиле логистичка поддршка за извршување на делото. Кога првообвинетиот пристигнал во Скопје, на 30.04 му обезбедиле сместување во станот кој и тие го користеле подолг временски период претходно, а му помогнале и преку засега непознати лица да го набави пиштолот. На денот на убиството, со возило на еден од обвинетите, заедно го превезле до Штип.

-По извршување на убиството, со цел да не бидат откриени, ја повикале и петтата обвинета да ги превезе со друг автомобил во нејзина сопственост, па сите заедно се упатиле кон Скопје. Кога пристигнале пред наплатната рампа за патарина “Миладиновци“ и кога забележале дека на патарината е поставено полициско возило кое врши контрола, обвинетата иако знаела дека првообвинетиот е извршител на убиство и по него се трага, се обидела да му помогне да не биде откриен и фатен. Таа го запрела возилото на околу 300 триста метри пред патарината, овозможувајќи му на директниот извршител да излезе и да почне да бега надвор од коловозот, покрај автопатот, каде подоцна бил пронајден и уапсен. Останатите продолжиле да се движат со возилото кон патарината и биле запрени од полициските службеници, кои започнале да ги легитимираат и да вршат преглед над возилото. Иако се обиделе да се дадат во бегство, сепак за кратко време биле фатени и лишени од слобода, пишува во соопштението од ОЈО Штип.

За четворица обвинети јавниот обвинител на 4 октомври има побарано да биде продолжена мерката притвор, додека за петтата обвинета во сила се претходно определени мерки на претпазливост.

Можете да прочитате

Средба на делегација предводена од министерот за култура и туризам Љутков со еврокомесарот за  меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Микалеф

Газдата на „Пулс“ манипулирал со фискални апарати со години!

Поднесени кривични пријави против 11 лица поврзани со клубот Пулс во Кочани