Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица од гостиварско и тетовско за издржување затворски казни

Lisici.webp.webp

На 19.11.2025 во 14:00 часот на ул.„18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа М.К.(58) од с.Беловиште, гостиварско. Тој бил баран врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

На 19.11.2025 во 20:30 часот во с.Шемшово, општина Јегуновце, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце го приведоа А.М.(22) од с.Шемшово, кој бил баран врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 383 во врска со член 22 од Кривичниот Законик.

Двајцата се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казните.

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата