Утрински Весник
Економија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

20251119072429 big 730x400 68.webp.webp

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. 

За Предлог-буџетот се поднесени околу 200 амандмани. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Државата планира 374,7 милијарди денари вкупни приходи, 413,9 милијарди денари вкупни расходи, како и 40,5 милијарди денари капитални инвестиции.

Во Собранието седница ќе одржи и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На  дневен ред на оваа комисија е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Република Северна Македонија, во второ читање.

Можете да прочитате

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ

Славески: Новите трговски политики и продолжената светска неизвесност се јасен потсетник за важноста на силните домашни економски фундаменти