Утрински Весник
Скопје

Видео: Ноќна одмазда во Ѓорче: Непознат сторител ги дупнал гумите на шест непрописно паркирани возила

Img 20251119 wa0087.jpg

Непознат сторител вчеравечер ги дупнал гумите на шест непрописно паркирани автомобили во новата населба Александрија, во општина Ѓорче Петров.

Жител на населбата утрово објави видео на социјалните мрежи на кое јасно се гледаат шест возила оставени среде улица, сите со спуштени гуми. Иако на локацијата веќе биле поставени метални и гумени столпчиња со цел да се спречи „дивото“ паркирање, дел од возачите успеале да ги заобиколат и да ги остават своите возила на коловозот.

Сопствениците на автомобилите, најверојатно, ќе бидат шокирани кога ќе ги затекнат нивните возила оставени „на бандаж“. Засега не е познато кој стои зад оштетувањето, ниту дали случајот е пријавен во полиција.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост