Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мајки на настрадани деца во „Пулс“: Со која совест адвокатите на обвинтетите ќе земаат крвави пари?

Majkikocanisudenje.jpeg

Мајки на загинати млади лица во пожарот во „Пулс“ по денешното рочиште изјавија дека тоа што се случило во дискотеката кобната ноќ било убиство.

Тие, ги нападнаа и адвокатите на обвинетите.

„Со која совест адвокатите на тие што се обвинети ќе земаат крвави пари. Денес се нашите деца, утре може да бидат нечии други деца, секој еден може да е следен“ рече една од мајките.

Тие кажаа дека болката се уште не минува, дека изгубиле деца кои биле паметни, културни и воспитани.

„Отидоа на концерт за да се забавуваат, а не да ги убијат“ рече една од мајките додавајќи дека сите родители на загинати деца ја делат нивната болка.

Можете да прочитате

(Видео) Мечка со мали мечиња забележана на Шар Планина

Финансиска полиција упадна на Кардиохирургија, плати на лекари била до 250.000 денари!?

Филипче ја заострува реториката кон ВМРО-ДПМНЕ