Утрински Весник
Македонија

Се излеа Пчиња во кумановско, две лица спасени од пожарникари

Image 241183.jpg

Два лица со автомобил заглавиле утрово во надојдената вода во село Стрновац во општина Старо Нагоричане поради излевањето на реката Пчиња и создавање на вирови, пожарникарите од општината ги извлекле.

– Денеска во 07:35 часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во село Стрновац-Општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња, територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари, информираа денеска од ТППЕ Старо Нагоричане.

Оттаму апелираат до граѓаните на Општина Старо Нагоричане да избегнуваат движења и секакви активности по течението на река Пчиња во Општина Старо Нагоричане, доколку се здогледа лице во опасност од временските услови веднаш да пријават на 112.

Управата за хидрометеоролошки работи, информираше дека водостојот на река Пчиња кај Пелинце, утрово е 120 сантиметри, вчера бил 18 што е значително повисоко со тенденција за пораст и три пати поввисоко од просекот за ноември кој изнесува 41 сантиметри.

Можете да прочитате

Драма на Водно: Четворица заглавени на жичара спасени од полиција

Филипче: Нечесните се намерите на ДПМНЕ, со барањата надзорни за други случаи сакаат да ја искривуваат вистината

Рубикон не виделе, не реагирале, не спречиле – над 600 гости, ниту една безбедносна контрола