
Најмалку едно лице загина, а три се повредени откако возило удри во пешаци во израелската населба Гаш Ецијон во Западен Брег. Двајцата напаѓачи потоа излегле од возилото и со нож избоделе до смрт еден маж.
Израелската армија (ИДФ) ги елиминира двата напаѓачи. Според ИДФ, во возилото на напаѓачите е пронајден експлозив.
Палестинската милитантна група Исламски џихад го поздрави нападот, наведувајќи дека тоа е „одговор на злосторствата направени од доселеничките банди и окупациската војска против нашиот народ. Но, Исламски џихад не презеде одговорност за нападот.
Нападите со нож и со возила на контролни пунктови и сообраќајни крстосници во Израел, Ерусалим и Западниот Брег не се невообичаени.
Според извештај на Обединети нации, во Западен Брег во октомври регистрирани се најмалку 264 напади од страна на израелските доселеници, што е најголем број откако ОН почна да ги следи таквите инциденти во 2006 година.
Изминатите недели пријавени се неколку инциденти. Палестинците и активистите беа нападнати за време на берба на маслинки, а минатата недела беше запалена џамија. Десетици израелски доселеници вчера запалија палестински возила и домови во едно село.


