Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да се одвива без политичко влијание, иако некои се обидуваат на него да градат политичка кариера

20251118195044 big 730x400 80.webp.webp

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека лично смета оти судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива без политичко влијание, но предупредува дека има одредени политички партии кои, како што вели, се обидуваат да ја злоупотребат маката на оние што ги загубија своите најмили.

-Лично мислам дека мора така да биде, не може да биде поинаку. Е сега има тука одредени политички партии што на овој случај, за жал, на маката на луѓето кои ги изгубија своите најмили се обидуваат да градат политичка кариера и затоа не можеме да кажеме дека нема политичко влијание бидејќи се обидуваат тие политичари и тие политички партии да ја злоупотребат оваа мака, рече Мицкоски во „Топ тема“ на Телма телевизија.

Премиерот додаде дека тие континуирано испраќаат политички пораки, додека, како што рече, за разлика од нив тој цело време молчи и остава обвинителството и судовите да ја завршат својата работа.

-Да имаме фер судење, да имаме судење коешто јасно ќе детектира кои се виновниците, кои не се виновни и.т.н, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека ја поддржува одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за анкетна и надзорна комисија за сите досегашни трагедии кои ни се случија изминативе години. Апсолутно сите виновници, нагласи Мицкоски, треба да се изнесат пред лицето на правдата. Граѓаните, додаде премиерот, треба да видат кој е тој кој злоупотребил и направил грешка и кој е виновен.

Можете да прочитате

Опасна хемиска пена се излеа на булевар во Скопје – Градските служби реагираа

Зијадин Села ја напушта коалицијата со ДУИ 

Германија со јасен сигнал – Европската перспектива на Македонија е наш приоритет