Утрински Весник
Скопје

Сообраќајка кај Горно Лисиче: Превртен автомобил откако се судрил со камион

Image 241100.png

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила кај Горно Лисиче, во близина на железничкиот премин на патот кој води кон Пинтија.

Според снимките објавени на социјалните мрежи, може да се види превртен автомобил кој претходно се судрил со камион.

Според првичните информации, на лице место веднаш дошла Брза помош која констатирала полесни повреди кај две лица.

Официјални информации за несреќата се очекуваат во текот на денот.

Извор: Скопје Инфо

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост