Утрински Весник
Македонија

Утврдена дискриминација врз 12.000 пензионери кои не го добија второто покачување од 2.500 денари, ускратувањето им го направиле недела дена пред да се донесат законските измени

Penzioneri.jpg

По само шест месеци откако пратениците од владејачкото мнозинство избриша 12.000 пензионери од второто покачување на пензиите (првото од 2.500 го добија во 2024 година), оштетените пријавуваат и добиваат случаи во Комисијата за заштита и спречување од дискриминација (КЗСД), објави СДК.

Комисијата вели: „Овие наши 12.000 сограѓани се дискриминирани“, и на Министерството за социјална политика, демографија и млади, на Владата и на Собранието, им дава рок од 180 дена (6 месеци) да ги сменат членовите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои предизвикуваат нееднаков третман на пензионерите кои не живеат во Македонија, а работеле тука и плаќале придонеси.


Претставките биле поднесени во мај и во јуни, откако парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ изгласа измени на Законот и ги исклучи од второто покачување пензионерите кои се иселиле од Македонија. Претходно тие првото линеарно покачување од по 2.500 денари го добија, а од непознати причини, власта одлучи со упад во Законот за пензиско осигурување да вметне одредба „пензиите се исплаќаат на територијата на Република Северна Македонија“ и неоправдано да ги исклучи овие луѓе и да заштеди над 560.000 евра.

Една од подносител(к)ите работела со години во градинката „8 Март“, а сопругот во Македонскиот народен театар (МНТ). Второ покачување не добил ни македонски пензионер кои се отселил во Литија, Република Словенија.

Овие наши сограѓани не само што се дискриминирани во однос на второто линеарно покачување од по 2.500 евра, туку и засекогаш, т.е. и со предвидените редовни усогласувања еднаш годишно, секој септември, се наведува во објавената одлука на Комисијата.

Евидентирани се 12.000 пензионери кои се преселиле во Австрија, Германија, Србија, Словенија, Турција, Црна Гора, Косово, БиХ, Австралија, Хрватска и други уште 22 земји, кои не го добија покачувањето.

Чудни се одговорите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фондот за пензиско осигурување и особено тој на Собранието за сторената дискриминација.

Целиот текст прочитајте го со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Се бира нов антикорупционер по оставката на Димитровска, интервјуирани петмина од кандидатите, другите петмина утре

Започнува најголемата енергетска обнова на државните институции – тригодишен план за модернизација на 14 јавни згради

Заменик-претседателот на Владата за добро владеење Арбен Фетаи во средба со амбасадорката на Република Грција, Н.Е. Софија Филипиду