Утрински Весник
Македонија

Стигнаа новите полициски „Пежо 408“ – МВР го обновува возниот парк

Adsiz tasarim 15 scaled.jpg

Новите полициски возила „Пежо 408“ конечно пристигнаа во Македонија, а репортер на 24 Инфо ги улови на лице место. Министерството за внатрешни работи набави вкупно 120 нови патролни автомобили во вредност од 3,9 милиони евра, како дел од најавената модернизација на полицискиот возен парк.

Оваа набавка беше најавена уште во септември годинава, кога министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека постоечките возила на полицијата се во „многу лоша и незавидна состојба“, а дека МВР мора итно да вложи во побезбедна и поефикасна флота.


Тошковски тогаш истакна дека планот на МВР е ова да биде само првата фаза од обновата, најавувајќи дека во следните месеци треба да се набават „три до четири пати повеќе“ возила од моменталните 120.

Со пристигнувањето на новите „Пежо 408“, полицијата ќе добие современи, обележани и технички опремени патролни возила кои ќе бидат распределени во униформираниот состав низ целата држава. Од МВР велат дека новата флотила ќе придонесе за подобра покриеност на теренот, побрза интервенција и поголема безбедност на граѓаните.

Можете да прочитате

Филипче: Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани

Богески нов директор на Архив, откако Котлар беше телефонски разрешена

Два авиони кружеле над скопскиот аеродром па се пренасочени