
Полагањето за возачка дозвола од Б категорија од овој месец поскапе за речиси 10.000 денари, што ги изненади и револтираше кандидатите, информира Денар.мк.
Досега целата обука во авто-школите чинеше околу 24.000 денари, но сега цената се искачи на 34.000 денари. Дополнително, секој час на полигонот се наплатува 250 денари, што значи дека секој дополнителен час зад воланот сега претставува дополнителен трошок за кандидатите.
Од авто-школите објаснуваат дека зголемувањето било неминовно поради растечките трошоци за гориво, одржување на возилата и техничка опрема, како и поради новите прописи од ресорното министерство кои бараат построги стандарди за наставата. „Не можеме да работиме со цени од пред 10 години кога сè околу нас е поскапо“, велат од неколку авто-школи во Скопје.
Сепак, признаваат дека многу млади сега ќе размислат двапати пред да се запишат, бидејќи цената станала сериозен товар за просечното македонско семејство. Од Министерството за транспорт и врски, неофицијално се посочува дека промените се воведени со цел подобрување на квалитетот на обуката и усогласување со европските стандарди.
На терен, тоа малкумина ги утешува. Кандидатите реагираат дека и претходно цената била висока, а сега „само богати ќе можат да возат.


