Утрински Весник
Економија

Филипче: Нема клучни реформи поврзани со економските критериуми

Venko ns sobranie.jpg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на Советот посочи дека забелешките на Европската Комисија укажуваат на сериозни слабости во економското управување и неспроведувањето на неопходните реформи и предупреди на сериозноста на укажувањата на ЕК во делот на економските политики.

„Во тој дел Европската Комисија утврдува дека владата нема напредок во клучните реформи поврзани со економските критериуми. Доцни со плановите за фискална консолидација, ги одложи сите планови за имплементација на Закон за органски буџет, кој требаше да започне во 2025 година”, рече Филипче.


На седницата, Филипче посочи дека Владата не изразила интерес за последната транша од макрофинансиската поддршка од ЕУ, која е поврзана со правење неопходни реформи, а претставува неповратна финансиска помош.

„Владата не изразила интерес за последната транша на макрофинансиска поддршка од ЕУ, која е поврзана со правење на неопходни реформи, а претставува неповратна финансиска помош. Освен што губиме средства од неспроведување на реформската агенда нема доволно пари предвидени и за спроведување истата. Од тука се потврдува немањето политичка волја да се продолжи со реформите”, рече Филипче.

На седницата на која се дискутираше за последниот извештај на Европската Комсија за Северна Македонија, Филипче истакна дека овој извештај е меѓу најлошите досега и порача дека граѓаните очекуваат напредок, вистински, видливи резултати кои што можат да ги почувствуваат, а не само изговори, теории на заговор или ароганција.

Можете да прочитате

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички

Мицкоски: Оваа влада за 2 години успеа да го покачи номиналниот БДП за 140 милиони долари повеќе, отколку СДСМ за 6 години

Филипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?