Утрински Весник
Балкан

Пукање во Белград: 24-годишно момче застрелано пред своја зграда

Dvs 696x508 1.avif.avif

Во Белград се одвива обемна полициска потера откако синоќа на Канарево брдо беше застрелан 24-годишник. Напаѓачот го чекал пред зградата во која живее жртвата, а повредениот младиќ е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот, пишува Telegraf.rs.

Според сведоци, напаѓачот носел перика и бил забележан во близина на зградата и ден пред пукањето. Младиот човек бил застрелан во градите додека се приближувал кон својот автомобил, по што напаѓачот побегнал. Итно бил пренесен во болница, каде бил опериран, но неговата состојба сè уште е критична.


Белградската полиција започнала обемна акција под назив „Вихор 3“ во потрага по сторителот. Според Telegraf, напаѓачот наводно е веќе познат на полицијата поради насилства и нанесување лесни повреди.

Пукањето предизвикало паника во населбата, особено затоа што во моментот на нападот надвор имало многу деца. Мотивот за нападот сè уште не е познат, а истрагата ја води Високото јавно обвинителство во Белград.

Можете да прочитате

На Фејсбук се појави морничава педофилска група со повеќе од 5.000 членови

Профитната маржа не смее да биде над 12 центи по литар гориво на бензинските пумпи во Грција

Грција ќе воведе плафон на профитната маржа на горивата и на производите во супермаркетите