Утрински Весник
Македонија

Ѓорѓиевски и Мицкоски во вечерна обиколка на Скопје

Img 1209.jpeg

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски оствари вечерна обиколка низ главниот град, оценувајќи дека Скопје конечно добива изглед кој му доликува на модерна метропола. Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи истакна дека улиците, плоштадите и јавните простори се чисти и исполнети со посетители, за разлика од, како што рече, „лошата слика на која граѓаните беа навикнати“.

„Улиците и плоштадите се чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори“, напиша градоначалникот.


Во рамки на обиколката, Ѓорѓиевски и Мицкоски го посетија и просторот предвиден за новиот Луна Парк, проект за кој, според градоначалникот, ќе започне постапка за реализација по многугодишно чекање.

„Му треба не само на Скопје, туку и на Македонија. Постапката за реализација започнува многу скоро. Најдоброто доаѓа“, порача Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат село Удово – Валандово

Трипуновски: Нема потреба од загриженост кај земјоделците, вршиме контрола на 50-тина договори, ќе го информираме Брисел за исходот

Oд вторник дождoви и ветришта