Утрински Весник
Македонија

Трагедија во Скопје: Eдно лице загина, четворица повредени во тешка сообраќајна несреќа

Soobrakajka.jpg

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 23:10 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, при што животот го загубил 56-годишниот С.Х. од Скопје, соопшти МВР.

Според првичните информации, во незгодата учествувале патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од починатиот, и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Ф.П. од Скопје.


„Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на патничкото возило ‘Фолксваген голф’ С.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, информираат од МВР.

Со телесни повреди се здобиле сопатниците од „голфот“ – 52-годишната Н.Х. и 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје, како и 28-годишниот Ф.М. од Косово и возачот на „БМВ“-то. Повредите им биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

„Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и полициски екипи“, додаваат од МВР. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Надлежните продолжуваат да работат на целосно расветлување на причините за несреќата.

Можете да прочитате

Трипуновски: Нема потреба од загриженост кај земјоделците, вршиме контрола на 50-тина договори, ќе го информираме Брисел за исходот

Oд вторник дождoви и ветришта

Во прекин сообраќајот на патот Удово – Валандово поради сообраќајна незгода