
Изминативе денови, во речиси сите маркети дојде до значително зголемување на цената на јајцата.
Според она што се гледа од терен, но и сведоштва на купувачите, цената на јајцата е зголемена за нaд 10 проценти.
Тоа значи дека ако една табла со 30 јајца (Л класа) се продавала по цена од 280 денари, сега се продава по цена од 310 денари, односно мала табла од 10 јајаца (М класа) која се продавала по цена од 90 денари, сега чини 105 денари.
Ова, важи за скоро сите маркети и скоро сите производители на јајца, а она што е дополнително загрижувачки е што цените нагло се смениле.
Но, освен јајцата, наскоро се очекува и зголемување на цената на месото, особено на свинското и јунешкото.
Според информации од добавувачи до кои дојде 24инфо.мк до крајот на месецот се очекува цената на свинското и јунешкото месо како и преработките (колбаси, мелено месо и сл) да се зголеми за 10 до 15 проценти.
Моментално свинското месо се прдава во просек по 400 денари за килограм, додека килограм јунешко месо е околу 900 денари, што значи дека ако се случат најавените поскапувања, за килограм свинско месо ќе плаќаме над 500 додека за јунешко и над 1000 денари по килограм.
И додека цените секојдневно растат, Владата и Синдикатите продолжуваат со полемика околу растот на минималната плата.
Синдикатите бараат минимална плата од најмалку 600 евра, додека Владата нуди зголемување од март следната година од 2000 денари односно од сегашните 397 евра, таа да дојде на нешто над 420 евра, што за жал и натаму ќе биде најниска минимална плата во регионот.


