Утрински Весник
Македонија

Пронајдени жените кои пријавиле дека се изгубени, се работи за македонски државјанки

Cuk 396759 399441 414855.jpg

Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете жени се пронајдени на пат помеѓу скоспките села Долно Количани и Батинци, но тие не се странски државјанки, туку се од земјава, соопшти Центарот за управување со кризи.

Жените се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.


-Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија, наведува ЦУК.

Претходно соопшти дека преку единствениот број за итни повици 112 била добиена информација дека две жени кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла.

– ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен. Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот. Акцијата е во тек, информираше попладнево ЦУК.

Можете да прочитате

Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Срцето на Скопје чукаше за Кочани

Ана и Игор Дурловски најавуваат втор новогодишен концерт – на 16 декември во Македонската опера и балет