Утрински Весник
Свет

Зеленски ги разреши министрите за енергетика и правда од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина

Zelenski.webp.webp

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги разреши министерката за енергетика Свитлана Гринчук и министерот за правда Герман Галушченко од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Претходно, Гринчук и Галушченко поднесоа оставки од функциите поради истрагата на Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) за злоупотреби во енергетскиот сектор.


Советот за национална безбедност и одбрана на Украина е составен од членови на Владата, директори на тајните служби, генералниот обвинител, директори на Централната банка и претседател на Националната академија на науките на Украина. Советот го води украинскиот шеф на државата, додека секретарот се занимава главно со организациски задачи и директно го известува претседателот.

Врховната рада на 18 ноември ќе расправа за отстранување на двајцата министри од функцијата. 

Можете да прочитате

Американските разузнавачки агенции проучуваат како би реагирал Иран доколку Трамп прогласи победа во војната

Украина во март соборила над 33.000 дронови, што е месечен рекорд од почетокот на војната

Американскиот Сенат блокира обид на демократите да го спречат Трамп да преземе воена акција против Куба без одобрение од Конгресот