Утрински Весник
Македонија

Скопјанец удрил во паркирано возило, па во пешаци – повредени тригодишно дете и двајца возрасни

Ambulanta.jpg

На 13.11.2025 околу 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на регионалниот пат Скопје-Куманово, кај с.Арачиново, скопско, патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(29) од с.Арачиново, удрило во паркирано возило „фолксваген венто” со скопски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(38) од с.Арачиново, а потоа и во пешаците Џ.К.(30), 35-годишната А.С. и тригодишно дете, сите од с.Арачиново.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., додека со телесни повреди се здобиле Џ.К. и тригодишното дете, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.


Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Алармантен раст на рак на грлото на матката – Најмлада пациентка на 18 години, бројот на нови случаи речиси двојно зголемен

Од понеделник најавен е прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Потврдено присуство на жива и сребро во каналот кај Таор со бела пена од ноември