Утрински Весник
Балкан

Во хрватскиот град Сисак исчезнати тројца малолетници

Policija Hrvatska.jpeg

Три деца исчезнале во близина на градот Сисак, централна Хрватска.

Станува збор за Патрик Јантолек (16) и братот и сестрата Адријано (14) и Кјара Оречиќ (13), пишува Dnevnik.hr .


– Мајката на Кјара ми се јави и ми рече дека не може да ги контактира неа или нејзиниот брат и ме замоли да го повикам Патрик бидејќи можеби се со него. Кјара и Патрик се девојка и дечко. Патрик беше многу формален во пораките, одговарајќи само со „да“ и „не“. Тоа беше во среда наутро. Оттогаш им се губи секаква трага, изјави за Dnevnik.hr мајката на Патрик, Ана Мари Матејаш .

Мајката на Кјара и Адријано мисли дека исчезнале заедно.

– Не знаеме каде се. Ги проверивме сите места каде што би можеле да бидат, сега чекаме полиција, забележа таа.

Двете мајки велат дека ова е прв пат да им се случи нешто вакво.

– Ние сме од Загреб и полицијата излезе на терен за да види дали можеби отишол да се сретне со стари пријатели, но не го пронајдоа, објасни мајката на Патрик за Dnevnik.hr.

Патрик има кафеава коса и кафени очи. Кјара, која е слаба и висока 160 см, исто така има иста боја на очи и коса. Нејзиниот брат Адријано има руса коса и сини очи, е слаб и висок 180 см.

Родителите на децата објавија нивни фотографии преку медиумите и социјалните мрежи и замолуваат ако некој ги забележи, веднаш да ја информираат полицијата.

извор Рацин.мк

Можете да прочитате

Во изминатите 10 години во Србија  имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија

Предвремени избори на Косово, Парламентот не успеа да избере нов шеф на државата

Пијан маж праќал лажни дојави за бомби во училиштата