Утрински Весник
Економија

Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот за 2026 е економска порака за стабилност, доверба и развој

20251114122001 big 730x400 86.webp.webp

Ова не е само уште еден документ со бројки и табели, ова е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии што го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска која пред матичната собраниска Комисија го образложува Предлог-буџетот за 2026 година.

Комисијата треба да ја почне амандманска расправа по Предлог-буџетот.


-Буџетот за 2026 година е доказ дека можеме да управуваме паметно, дисциплинирано и визионерски, дури и во време на предизвици. Овој документ зборува за економија што расте, за држава што инвестира и за Влада што знае што прави – потенцира министерката.

Откако ги соопшти проекциите, таа рече дека од Комисијата очекува аргументирана, квалитетна и продуктивна дискусија.

По Димитриеска Кочоска, пред членовите на Комисијата се обраќа и претседателот на Фискалниот совет Абдулменаф Беџети, кој го дава видувањето за проектираниот Буџет.

Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

Можете да прочитате

Цените на нафтата се пратија на нивото под 100 долари за барел

Цените на нафтата експлодираа, ИЕА апелира до секоја земја да ослободи дел од своите резерви

Цената на дизелот во Македонија со најголем раст споредено со земјите во регионот