Утрински Весник
Македонија

LEGO Инклузија: Сетилен Пат до Иновација – Технологија што го отвора светот за секое дете

Image 2025 11 14 112208504.png

Здружението за развој на Технологија, Роботика и Иновации – Center for Technology, Robotics and Innovation (CTRI), во партнерство со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, реализираше уникатна инклузивна работилница под слоганот „LEGO Инклузија: Сетилен Пат до Иновација“.

Овој исклучителен настан претставува ново поглавје во современото инклузивно образование. За прв пат во нашата земја, беа изработени специјално адаптирани тактилни LEGO модели, создадени да им овозможат на учениците со оштетен вид да ја доживеат роботиката преку повеќе сетила — допир, звук, вибрации и Брајова азбука.


Благодарение на интегрирани сензори за боја, децата можеа да препознаваат бои преку звучни сигнали и тактилни ознаки, а при секое движење на роботите се активираа различни аудио-индикатори. Така, секој ученик доби можност да истражува, создава и идентификува елементи на моделот преку инклузивна STEM методологија што ги поврзува сите сетила и ги буди нивните когнитивни способности, имагинација и логичко размислување.

Оваа иницијатива потенцира дека иновациите не постојат само за да ги напреднат технологиите — туку да го унапредат животот на луѓето.

„ LEGO Инклузија: Сетилен Пат до Иновација “ е силен доказ дека кога технологијата е достапна и прилагодена, таа станува мост кон знаење, самодоверба и иднина без бариери.

Особена благодарност упатуваме до ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ – Скопје, кои со своето учество, поддршка и желба за заедничко учење, го направија настанот пример за вистинска инклузивна заедница во дејство.

Здружението за развој на Технологија, Роботика и Иновации и училиштето „Димитар Влахов“ започнуваат долгорочна стратешка соработка, со јасна мисија: да се развиваат уште повеќе адаптирани STEM материјали, да се креираат пристапни иновативни програми и да се обезбеди континуирана поддршка за учениците со оштетен вид да го освојуваат светот на технологијата.

Овој проект е само прв чекор во изградба на национална платформа за инклузивна технологија визија во која секое дете има еднаква можност да учи, да твори и да успее.

Мисија за општество што верува во еднакви можности

„LEGO Инклузија: Сетилен Пат до Иновација“ не е само работилница.
Тоа е модел на образование што покажува како со вистински пристап, креативни методи и соработка меѓу институции, се создава општество кое ги прифаќа различностите и ги претвора во сила  а не во пречка.

Заедно градиме иднина каде што секое дете го има своето место на градилиштето на утрешниот свет.

Технологијата е моќна тогаш кога е достапна за сите  а инклузијата е најголемата иновација што може да ја создадеме.

Можете да прочитате

Плоштадот во Скопје стартна точка на големиот протестен марш „Марш за ангелите“

Судската власт до Премиерот: Вашите коментари ја преминаа границата на пристојност

Врсничко насилство во Центар и Карпош