Утрински Весник
Македонија

Струшката полиција откри три Бразилки и една девојка од Перу со незаконски престој во земјава

Policija Mvr2.png

Криминалистичката полиција при ОВР Струга при претрес во сместувачки објект во Струга затекнале четири странски државјанки, три од Бразил и една од Перу, со нелегален претстој во земјата. Кај нив пронајдена и одземена била марихуана, дробилка и други предмети.

СВР Охрид денеска соопшто дека на 12 ноември во 7 часот и 50 минути во сместувачки објект во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга ја лишиле од слобода А.Б.Т.Г.С. (27) од Бразил, а ги привела Ј.Т.А.С. (23) и Р.Ц.С. (23) од Бразил, како и Н.О.Ц. (20) од Перу.


– При претрес во собите од објектот, кои ги користеле, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, дробилка и други предмети. Констатирано е дека странските државјанки незаконски престојувале во земјава, односно сториле прекршоци по член 147 и член 23 од Закон за странци – стои во информацијата.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга, како што е наведено, ќе поднесе соодветни пријави.

Можете да прочитате

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец